Дописници МКДОпштински вести

Бочварски го потпиша договорот за изградба на новата платформа за паркинг кај штипскиот Здравствен дом

Штип ќе добие уште една платфотма за паркинг простор над коритото на реката Отиња.  Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион денеска го поптпишаа договорот со фирмата „Коле Транс“ за старт на градежните работи.

Штип, 12 јуни 2020 (МИА) – Штип ќе добие уште една платфотма за паркинг простор над коритото на реката Отиња.  Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион денеска го потпишаа договорот со фирмата „Коле Транс“ за старт на градежните работи.

Новата платформа е со капацитет за 48 возила, а ќе се протега над коритото на река Отиња од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ до зградата на Народниот театар-Штип. Од двете страни на неа ќе има тротоари.

Бочварски истакна дека Штип ќе добие уште еден голем и капитален проект, што го решава проблемот со паркирањето во централниот дел на градот, каде што се сместени сите институции. Додаде дека се работи за капитална инвестиција финансирана од Општина Штип и од Бирото за регионален и рамномерен развој преку Центарот за Источен плански регион.

-Ова е многу значајна инвестиција за градот и за граѓаните. Оваа идеја е уште од 2009, но до 2017 не беше реализирано ништо. Денеска имаме веќе една платформа која значително го олеснување паркирањето на граѓаните, а започнуваме со изградба на уште една платформа по течението на река Отиња. Инвестицијата е околу 17,8 милиони денари од кои половина ќе ги финансира Општина Штип, а половина Центарот за Источен плански регион, рече Бочварски.

Тој истакна дека ваквите партнерски инвестиции како што е детската градинка „Виножито“ и паркинг платформата се многу значајни за граѓаните и затоа ќе продолжат со тесна соработка со сите институции.

На местото каде ќе се гради новата платфорам сега има еден мал метален мост на реката Отиња, што ќе биде поставен во коритото на Отиња, но кај штипската населба Ново Село.

Изградбата на платформата ќе се реализира во рок од пет месеци.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close