0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталДописници МКДЕкономија

Бочварски: Експресниот пат Градско-Прилеп забрзано се гради

Експресниот пат Градско-Прилеп забрзано се гради  и е приоритетен. Со Јавното претпријатие за државни патишта за брзо време ги надминавме проблемите со претходниот и избравме нов изведувач, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид на изградбата на овој експресен пат кај делницата Градско- Дреново. На денешниот увид беа и градоначалниците на Прилеп, Градско и на Росоман како и поранешниот министер Горан Сугарески.

Прилеп, 22 јули 2021 (МИА)  – Експресниот пат Градско-Прилеп забрзано се гради  и е приоритетен. Со Јавното претпријатие за државни патишта за брзо време ги надминавме проблемите со претходниот и избравме нов изведувач, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид на изградбата на овој експресен пат кај делницата Градско- Дреново. На денешниот увид беа и градоначалниците на Прилеп, Градско и на Росоман како и поранешниот министер Горан Сугарески.

Според Бочварски, експресниот пат е од големо економско значење, пред сѐ, за жителите на Градско, Росоман, Прилеп и а  цел Пелагонски регион. Крајниот рок за изградба на експресниот пат е јули 2023, но очекувањата се дека ќе биде готов пред рокот.

-Со задоволство денеска би сакал да ја информирам јавноста дека експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради. Владата покажа истрајност и решителност да ги изгради и најтешките инфраструктурани проекти во државава. Експресниот пат Градско-Прилеп е приоритет, не само за Владата, тој има преголемо економско значење за сите граѓани од Градско, Росоман, Прилеп и цел Пелагонски регион. Од првата делница Градско–Дреново започнуваат засилените градежни работи за изградба на овој патен правец. Поради слабата работа на изведувачот и неможноста да одговори на рокот за изградба, го раскинавме договорот. Тоа беше единствено рационално решение за да продолжиме да го градиме овој пат. Во соработка со ЈП за државни патишта за кратко време успеавме да ги надминеме сите настанати проблеми со странскиот изведувач и да склучиме договор со нов изведувач, компанијата Штрабаг, рече Бочварски.

Вредноста на целата инвестиција е 24, 7 милиони евра, а средства се обезбедени од ИПА фондовите. Досега вкупната изградба на патот е 34,4 проценти и новиот изведувач има обврска да ги доизгради останатите 65 проценти.  Крајниот рок е јули 2023 година, но, истакна Бочварски, моите очекувања се дека тоа може да се случи и порано пред рокот.

Бочварски очекува силна градежна офанзива и за втората фаза, за изградба на делницата од Дреново до Фариш.

– И тука изведувачот го напушти градилиштето за што сега водиме спор пред меѓународните судови. Но важно е дека и за оваа фаза веќе се избра изведувач, компанијата Синохидро. Тие постепено ја активираат својата оператива и очекувам и тука силна градежна активност во наредниов периодот. Прогресот на градежните работи и за оваа втора фаза е 35 проценти, а инвестицијата е 32 милиони евра.  Очекуваме според договорот оваа делница да биде завршена до јуни 2023 година, така што, за две години граѓаните ќе возат по модерен и безбеден пат од Градско до Прилеп, нагласи Бочварски.

Министерството за транспорт активно работи на подготовката на документацијата и за третата делница од селото Беловодица до Каменоломот и проширување со по уште една лента во двата правци на потегот од мостот на Ленишка река до влезот на Прилеп. Се очекува до крајот на оваа година да се распише јавен повик за изградба.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми потенцираше дека Коридорот 10 е најважната меѓународна рута која поминува низ земјава и го поврзува регионот со останатиот дел на Европа, а експресниот пат, на кој се прави увид,  е дел од кракот Д на коридорот 10, делница од Велес кон Игуменица, преку Прилеп, Битола, Лерин, позната и како Виа Игнација. Експресниот пат Градско–Прилеп е во трите делници и е  еден од најзначајните патни правци во државава, по кој дневно поминуваат и над пет илјади возила од сите категории.

-Проблемите што ги имавме во реализацијата на овој проект бидејќи изведувачот ја напушти трасата, се веќе зад нас. Изградбата на првата делница Градско-Дреново ја презема компанија Штрабаг, која има технички и човечки ресурси за нејзина навремена изградба, а надзорот е доверен на ЕГИС. Пред една недела изведувачот беше воведен во работа и ние искрено се надеваме дека за две години ќе имаме модерен експресен пат по кој безбедно ќе се вози до саканата дестинација, изјави Рустеми.

Експресниот пат е со должина од 15,5 километри. Предвидени се 5 вијадукти /мостови, 4 натпатници, 4 потпатници и 2 клучки кај Градско и Росоман. Содржи две возни ленти од 3,5 метри, две ленти за застанување од 2,5 метри и по две рабни ленти, со вкупен патен профил од 12,4 метри. Веќе е започнато да се работи и во моментов интензивно се извршуваат градежни активности на клучката и надвозникот во Градско. На втората  делница од Дреново до Фариш која е со должина од 10,2 километри, и за која се издвоени 31,82 милиони евра средства од ЕБОР, започна да работи Синохидро. Наскоро, најави Рустеми, започнува и рехабилитација на патниот правец Фаришка клисура–Прилеп, превојот Плетвар, во должина од 19 километри во вредност од 5,6 милиони евра со што значително ќе се подобри патната инфраструктура на кракот Д на Паневропскиот транспортен коридор 10.ем/лв/

 

Back to top button
Close
Close