0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Бочварски: Даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија

Во контекст на проблемот со Бугарија, сметам дека во делот на инфраструктурата треба ние да развиваме што е можно посилни и појасни врски помеѓу државите. Проекти што даваат регионален пристап, поврзувањето на главните градови, паневропскиот коридор 8, источниот крак 8, каде имаме реално и движење на капиталните проекти. Ако зборуваме за патната инфраструктура, ние овде во овој дел во моментов инвестираме околу 180 милиони евра само на источниот крак на коридорот 8, од Скопје до граничниот премин со Бугарија. И ова значи дека апсолутно ние даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија. Ова вечерва го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во централниот дневник на телевизија Сител.

Back to top button
Close
Close