
Вашингтон, 13 март 2020 (МИА) – Претседатеот на САД, Доналд Трамп има намера да објави вонредна состоја во САД поради епидемијата од новиот коронавирус.
Ова штотуку го објави агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на свои извори, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Некои американски медиуми се обратија до Белата куќа за потврда, но оттаму засега само е потврдено дека Трамп планира да се обрати на нацијата денеска во 15 часот по источно американско време (20 часот по македонско време). кб/гт/