Дописници МКДОпштински вести

Блокиран сообраќајот на три локации во Тетово во знак на незадоволство од поскапувањето на струјата

Во Тетово вечерва се одржаа блокади на сообраќајот на градските улици и булевари од страна на иницијативата „Доста е“ во знак на незадоволство од зголемувањето на цената на електричната енергија.

Тетово, 11 септември 2020 (МИА) – Во Тетово вечерва се одржаа блокади на сообраќајот на градските улици и булевари од страна на иницијативата „Доста е“ во знак на незадоволство од зголемувањето на цената на електричната енергија.

На три места од 18 часот членови на иницијативата и граѓани блокираа три крстосници-кружниот тек кај Монопол, кружниот тек на булеварите Илиден и Видео Смилевски-Бато (кон Гостивар) и кружниот тек кај стадионот. Блокадите траеја 45 минути.

– Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании, посочија од организацискиот одбор.

Ова е шести пат да се организираат јавни протести и собири во Тетово на кој што се изразува револтот од зголемените цени на електричната енергија. ас/сп/

Back to top button
Close
Close