БалканБалкан.Портал

Близок соработник на Божков уапсен во Виена

Бугарскиот бизнисмен Борис Бекијаров, по кого, исто така, се врши потрага заедно со Васил Божков, е приведен пред неколку часа на аеродромот во Виена.

Виена, 1 февруари 2020 (МИА) – Бугарскиот бизнисмен Борис Бекијаров, по кого, исто така, се врши потрага заедно со Васил Божков, е приведен пред неколку часа на аеродромот во Виена.

Тој моментно се наоѓа во просториите на австриската полиција. Се очекува бугарските власти да ги спроведат потребните процедура за да може Бекијаров да биде вратен во земјата, објави БГНЕС.

Бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев синоќа изјави дека бугарскиот тајкун Васил Божков е уапсен на територијата на Обединетите Арапски Емирати, но официјална потврда од тамошните власти ќе добијат во текот на денешниот ден.

– Информацијата е се уште неофицијална. Ако таа се потврди, а јас сум сигурен дека ќе се потврди… кога ќе добиеме официјален документ и информации од ОАЕ, истакна Гешев.

Васил Божков е обвинет по седум точки, меѓу кои за шеф на организирана криминална група, за принуда, за изнудување, за обид за поткуп на службено лице, како и за поттикнување и сторено кривично дело. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close