0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Близначињата во Скопје симбол на двојна среќа, љубов и радост

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и заменик-министерот за здравство Арменд Арслани денеска ги посетија првите близначиња родени во Новата година во Скопје. 

Скопје, 1 јануари 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и заменик-министерот за здравство Арменд Арслани    денеска ги посетија првите близначиња родени во Новата година во Скопје.

Близначињата Анастасија и Габриел се прва рожба на родителите добиени по долги години чекање. Девојчето е родено во во 00:01 часот, тешко 2.360 грама и долго 47 сантиметри. Второто е машко и е родено во 00:03 часот, тешко 1.760 грама и долго 46 сантиметри. Бебињата и мајката Снежана од Скопје се чуствуваат добро.

– Тие се предвреме родени една недела. Предвреме родените деца се најголемите борци. Тие се добри и во стабилна состојба, изјави директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска. Додаде дека по полноќ на Клиниката се родиле уште четири бебиња.

Од Град Скопје двете близначиња добија штедни книшки и играчки, а Министерството за труд и социјална политика им подари пригодни подароци, а на мајката и подари златник.

– Имаме специфична ситуација, да имаме близнаци. Им посакувам многу здравје, среќа и среќно детство, а на семејството му честитам за најубавиот новогодишен подарок. Овој двоен живот за секој од нас значи двојно повеќе среќа, љубов и радост во годината што ни претстои. Убеден сум дека и градот и државата со сигурни чекори ги носат граѓаните кон подобра иднина, изјави градоначалникот Шилегов.

За министерката Царовска, близначињата значат среќна и бериќетна година, а самото тоа што првото од близначињата е девојче значи женска енергија.

– Убаво што овој ден секоја година го почнуваме со новост, а тоа се нови бебиња затоа што тие се иднината на нашата држава. Посебно сум среќна што годинава имаме близнаци и што сите заендо може да ја споделиме среќата со родителите. Првото од близначињата е девојче и очекувам 2020 година да биде супешна, позитивна и со женска енергија, изјави Царовска.

Од Министерството за здравство напоменуваат дека континуирано работат на подобрување на условите во сите родилишта низ државата.

Заменик-министерот за здравство Арменд Арслани посочи дека на Одделот на неонатологија на Клиниката за гинекологија обебедена е најсовремена апаратура со цел да се унапреди здравствената заштита и за новороденчињата и за мајките.

Во Гинекологија Чаир првото бебе е родено три минути по полноќ. мд/бак/ 

Посета на првородените бебиња во Скопје

Posted by MИА.mk on Среда, 01 јануари 2020

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close