0_Магазин.ПорталСцена

Блаж Маротов промовира преработка на „Дејгиди луди млади години“

Познатиот музичар, инструменталист и автор Благој - Блаж Маротов денеска на најголемиот христијански празник Велигден ја промовира обработката на песната „Дејгиди луди млади години“.  

Скопје, 2 мај 2021 (МИА) – Познатиот музичар, инструменталист и автор Благој – Блаж Маротов денеска на најголемиот христијански празник Велигден ја промовира обработката на песната „Дејгиди луди млади години“.

– Песната е дел од албумот “Класика М”, снимена во студио БиМ. Гости на проектот се моите ценети пријатели и другари, Милан Завков – мојот кум, Илија Филиповски – кум на мојот син, Александар Тренкоски, Трајче Ристов, Војче Петрушев, Бојан Маротов, а придружни вокали Лена Заткоска-Маротова и Јуле Маротова, изјави Маротов.

Продукцијата на видео записот е на „Валови”, а во него учествуваат и дечињата Габриел, Лео, Луна.

Маротов вели дека при изборот на песни во циклусот „Класика М“ повеќе се држел до убавите македонски песни, кои му се при срце.

– И “Дејгиди…” е една од тие. Многу сум среќен за оваа обработка, при снимањето на видеото, а и воопшто, имавме многу убава енергија, која се чувствува и во самиот видео запис. Уште посреќен сум што претставувањето на оваа песна и спот се совпаѓа со големиот македонски празник Велигден, а официјалната промоција беше денеска на Македонската телевизија, додава Маротов.

Тој изразува посебна благодарност до уредништвото во МТВ, како и до сите други медиуми за целокупната поддршка, воедно најавувајќиу и нови преработки.

– Поздрав и до сите пријатели низ светот, бидејки, свои ЛУДИ МЛАДИ, но и сегашни и идни мигови, и години, од својот живот, имаме сите, и се надевам дека секој, преку мојата изведба на песната, ќе се присети повеќе на себе, на своето минато, сегашност и иднина, ве сака ваш Блаж Маратов, порача музичарот. сп/

Таг
Back to top button
Close
Close