0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Блатер на располагање на француското правосудство, ама во Швајцарија

Поранешниот претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Сеп Блатер (83) порача дека е на располагање на француските правосудни органи во истрагата за доделување на СП 2022 на Катар. Но, ако сослушувањето е во Швајцарија оти не бил подготвен да оди во Франција.

Цирих, 29 јануари 2020 (МИА) – Поранешниот претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Сеп Блатер (83) порача дека е на располагање на француските правосудни органи во истрагата за доделување на СП 2022 на Катар. Но, ако сослушувањето е во Швајцарија оти не бил подготвен да оди во Франција.

„Не сум подготвен да одам на сослушување во Франција, но стојам на располагање на француското правосудство ако сослушувањето биде во Швајцарија“, изјави Блатер за „Франс прес“.

За тоа, тој со писмо преку својот адвокат ја извести и француската полиција. Блатер беше суспендиран за контроверзната исплата на Мишел Платини за консултантски услуги, а вмешан е, исто така, и во еден од најголемите скандали што ја потресоа ФИФА за перење пари и малверзации. сѓд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close