Дописници МКДЕкономијаОпштински вести

Благо намалување на цените на кичевскиот зелен пазар

Споредено со претходните неколку саботи, денеска кога во Кичево е пазарен ден, цените се нешто пониски, но сеуште далеку од периодот од пред пет-шест години. Сепак и овој ценовен пад ги присили граѓаните да отстапат од досегашната пракса и купуваат зеленчук и овошје во поголеми количини.

Кичево, 12 јуни 2021 (МИА) – Споредено со претходните неколку саботи, денеска кога во Кичево е пазарен ден, цените се нешто пониски, но сеуште далеку од периодот од пред пет-шест години. Сепак и овој ценовен пад ги присили граѓаните да отстапат од досегашната пракса и купуваат зеленчук и овошје во поголеми количини.

-Денеска имавме можност да пазариме по нешто пониски цени, кои се уште се над повеќегодишниот просек. Дали забрзаното зреење на културите предизвика забрзан пораст на зрели производи кои не можат да чекаат и мора да се продадат по нешто пониски цени и со нешто помала заработка или во прашање е увоз не можеме со сигурност да потврдиме. За нас најважните продукти пиперките, доматите и краставиците, се подостапни, а за останатите  производи, овошја и зеленчук ќе почекаме две до три недели кога и тие ќе имаат пониски цени, вели Горан Велкоски, граѓанин.

Купувачите како по договор од сите продукти купуваат најмногу три килограми, а претежно се пазари по два килограми потврди тезгаџија од истокот.

-Имавме поголема потрошувачка на зеленчук од претходно. Ако претходните саботи се пазареше по еден килограм од речиси сите зеленчуци, денеска количините што ги купуваат граѓаните се дуплирани па дури поголеми и за трипати. И ние сакаме цените да бидат подостапни, за да можеме да продадеме повеќе стока и да заработиме некој денар плус, вели Живко Митрев, тезгаџија.

Единствено праските се со високи цени, а причината лежи во мразот и студот кој ги зафати овие култури во екот на нивното цветање и количините за продажба се помали за 80 проценти, велат продавачи од Росоман. за/ев/

 

Back to top button
Close
Close