Дописници МКДОпштински вести

Благо намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево

Изминатите три дена во Кичево се бележи благо намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19 споредено со претходните десетина дена, кога се бележеше драстичен скок на новозаразени. Стивнува и притисокот на граѓани кои сакаат да се тестираат или да направат снимка на рендген.

Кичево, 13 април 2021 (МИА) – Изминатите три дена во Кичево се бележи благо намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19 споредено со претходните десетина дена, кога се бележеше драстичен скок на новозаразени. Стивнува и притисокот на граѓани кои сакаат да се тестираат или да направат снимка на рендген.

-Со намалувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево се поставува прашањето дали овој тренд ќе продолжи и понатаму или тоа беше исклучок  од само неколку дена. Денеска од 30 пријавени за тестирање од Ковид-19, 24 лица се тестираа од кои 10 се позитивни или процентот на новозаболени во однос на тестирани падна под 50 проценти, што претходната недела не беше случај, истакна доктор Неџат Балажи, началник на оддел во кичевската Општа болница.

Тој ја потенцира и тешката состојба на хоспитализираните, бидејќи поголем дел од нив се во лоша здравстена состојба и над 50 проценти се на кислородна поддршка.

-Во модуларниот ковид центар моментално имаме хоспитализирани 40 пациенти повеќето со тешка и потешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Деновиве бројката не се менува, бидејќи колку што доаѓаат новозаболени за хоспитализација толку оздравени се пуштаат дома, додаде докторот и го потенцира проблемот што го создаваат самите пациенти, бидејќи околу 20 проценти од пријавените за тестирање не се јавуваат во договорениот термин и со тоа во одредена мерка го нарушуваат планот на лицата кои можеби имаат поголема потреба да проверат дали се заразени или не, но поради зафатени термини не можат да се тестираат.

Во Здравствениот дом во Кичево имунизацијата се одвива според програмата. До денеска се вакцинирани над 450 постари лица, а за целосно да не се потрошат залихите на вакцини, денеска пристигнаа дополнителни 100 вакцини на „Астра Зенека“.

– Веќе се осум работни дена откако ја започнавме имунизацијата на нашите сограѓани против Ковид-19. Засега се вакцинирани над 450 лица постари од 75 години а за да не дојде до недостиг на вакцини денеска добивме дополнителна количина од 100 вакцини, кои сметаме дека ќе ги потрошиме до крајот на оваа недела. Можеме да бидеме задоволни што кај речиси сите пациенти кои се имунизираа, нема дополнителни компликации и сите се во добра здравствена состојба, истакна Џабир Бајами, директор на Здравствениот дом во Кичево. за/рп/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close