Дописници МКДОпштински вести

Благ пораст на пациенти со Ковид во велешката болница

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 36 пациенти, од кои 25 се потврдени позитивни, четири сомнителни и седум пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување.

Велес, 5 февруари 2021 (МИА) – Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 36 пациенти, од кои 25 се потврдени позитивни, четири сомнителни и седум пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување.

Портпаролот на велешката болница д-р Елеонора Јованова информира дека од вкупниот број на хоспитализирани пациени, осум се на кислородна поддршка.

На Инфективно одделение, кое располага со 54 кревети, моментално има 29 пациенти, додека на Интерно Б крак има седум пациенти.

– Забележан е благ пораст на бројот на пациенти со Ковид-19. Вчера имаше 34 позитивни случаи, а завчера 30, додека денеска бројот порасна на 36, информира д-р Јованова.ад/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close