БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Блек викендс во хотелите во Солун

Кога сите имаат Блек фрајдеј, хотелите во Солун имаат не еден, туку два Блек викендс, соопштуваат од Сојузот на хотелиери на Солун, најавувајќи ја нивната кампања за два викенди во јануари со попусти за посетителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 15 јануари 2020 (МИА) – Кога сите имаат Блек фрајдеј, хотелите во Солун имаат не еден, туку два Блек викендс, соопштуваат од Сојузот на хотелиери на Солун, најавувајќи ја нивната кампања за два викенди во јануари со попусти за посетителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Попустите се од 30 до 60 отсто во зависност од хотелот и се однесуваат на последните два викенди во јануари.

Од Сојузот на хотелиери на Солун, на крајот од ноември, кога беше актуелен Блек фрајдеј најавија дека за месецот кога во Грција се во тек зимските попусти, за викендите, престојот во хотелите во градот ќе биде по ниски цени за секој џеб. ср/

Back to top button
Close
Close