0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Бизнисмените од СКСЗМ  на средба со Заев испорачаа очекувања за економијата

Реформи во државните институции за олеснување на работата на бизнис секторот, реформи во правосудниот систем и образованието, како и поголема посветеност на развојот на инфраструктурата, се прашањата на кои, меѓу другото, преставниците на Стопанската комора на Северозападна Македонија од политичкитите партии очекуваат да стават акцент во предизброните програми.

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Реформи во државните институции за олеснување на работата на бизнис секторот, реформи во правосудниот систем и образованието, како и поголема посветеност на развојот на инфраструктурата, се прашањата на кои, меѓу останатото, претставниците на Стопанската комора на Северозападна Македонија од политичкитите партии очекуваат да стават акцент во предизброните програми.

Ова претставниците на Комората му го пренесоа на претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба, која е дел од традиционалните состаноци кои се одржуваат со политичките партии во предизборниот период.

-Ние сме во процес на изготвување програма за настап на предвремените парламентарни избори. Многу често тие програми се преточуваат во владини програми. Она што ќе ни го укажат коморите за она што е нивно секојдневие ќе биде вградено во таквите документи за да може да се работи поуспешно во создавањето на подобри економски услови во нашата земја за нашите компании, рече Заев.

Тој рече, дека слушањето на предлозите и забелешките на компаниите, и нивно вградување во програма ќе овозможи нивна поголема мотивација да инвестираат, да создаваат профит, што, како што рече, ќе овозможи пораст на БДП, трговијата, извозот, но и да се отвораат повеќе квалитетни работни места и да растат платите.

Претседателот на СКСЗМ истакна дека целата на денешниот состанок е презентација на нивната економска платформа и разговори околу потребите на бизнис секторот.

Бизнисот, според него, бара поголема негова присутност и вклученост во донесувањето на економските одлуки кои влијаат на неговото работење.

– Дел од нашите барања веќе се истакнати претходно, а се однесуваат на реформи во државните институции, правосудниот систем,  образованието и инфраструктурата која е најбитна во моментот. Ваќе е автопатот Скопје – Блаце, царинскиот терминал во Јажинце, зоната Визбегово која бараме да има посебен третман како зона бидејќи има приходи над 300 милиони евра и над 8 000 вработени, рече Хоџа.

Претседателот на СДСМ, истакна дека на реализацијата на дел од овие барања работела Владата во изминатите години, како и оти со соработката ќе се продолжи и во наредниот период. сст/лв/

Изјава Зоран Заев и Неби Хоџа

Posted by MИА.mk on Понеделник, 03 февруари 2020

Back to top button
Close
Close