0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталДописници МКДОпштински вести

Бизнисмените бараат Гевгелија да биде зелена погранична зона

Стопанствениците од Гевгелија бараат од градоначалникот Сашо Поцков и од надлежните институции, Општина Гевгелија и пограничниот регион да се прогласат за зелена зона, која и во услови на пандемија со Ковид-19 ќе обезбедува непречен пограничен проток на луѓе и стока.

Гевгелија,14 јули 2020 (МИА) – Стопанствениците од Гевгелија бараат од градоначалникот Сашо Поцков и од надлежните институции, Општина Гевгелија и пограничниот регион да се прогласат за зелена зона, која и во услови на пандемија со Ковид-19 ќе обезбедува непречен пограничен проток на луѓе и стока.

-Бидејќи во Гевгелија и околината нема ниту еден заразен од корона вирусот, нашето барање неодамна на средба што ја организираше градоначалникот, му го пренесовме и на шефот на дипломатијата, Никола Димитров, кој иницијативата ја оцени како разбирлива со оглед на значењето што го има малограничниот промет за локалниот економски развој на Гевгелија, велат стопанствениците.

Бизнисмените од општинава го испорачаа и барањето за отворање нов граничен премин преку кој ќе се одвива патнички сообраќај само на локалното население од двете страни на границата.

-Пред десетина години, со европски пари, за таа цел беше изграден мост над Сува река кај Гевгелија и еден сличен зафат од спротивната страна кај Идомени, поради што предлагаме покрај реализацијата на граничните премини кај Маркова нога и Мајден, да се реализира и овој за нас многу значаен граничен премин, велат гевгелиските бизнисмени. им/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close