Дописници МКДКултураКултура.Портал

Битолскиот Музеј промовира 10 видеа на знаковен јазик

Завод и Музеј-Битола промовира 10 нови видеозаписи на знаковен јазик од постојаната поставка на таа национална установа. Станува збор за проект со наслов „Ние во Музеј“, поддржан од Министерството за култура.

Битола, 4 февруари 2021 (МИА) – Завод и Музеј-Битола промовира 10 нови видеозаписи на знаковен јазик од постојаната поставка на таа национална установа. Станува збор за проект со наслов „Ние во Музеј“, поддржан од Министерството за култура.

-Новите десет видеа со знаковен јазик се од големо значење, а тоа го констатираа и присутните ученици и професор од Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“-Битола, дефектолози од Куманово и од Скопје, како и лица со оштетен слух од Битола кои ја следеа промоцијата на проектот раководен од д-р Ирена Ружин, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола.

Во видеоматеријалите интерпретатор на знаковен јазик e Катерина Шаркоска, а наратор Силвана Петрова Насух. Проектот го координираше м-р Јове Парговски, потврдија од НУ Завод и Музеј-Битола.мт/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close