Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.Портал

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Карикатуристот од Битола Блаже Докуле 10-ти пат континуирано е добитник на награда на Меѓународен фестивал за карикатури кој секоја година се одржува во Сеул, Јужна Кореја.

Битола, 29 јануари 2020 (МИА) Карикатуристот од Битола Блаже Докуле 10-ти пат континуирано е добитник на награда на Меѓународен фестивал за карикатури кој секоја година се одржува во Сеул, Јужна Кореја.

Годинава Докуле е награден за четири карикатури изработени на тема „Топло-ладно“.

-Во мојата петдецениска кариера сум учествувал на над 200 меѓународни и домашни фестивали на карикатурата. Мојата архива е исполнета со многу награди и признанија, а 10-тата по ред награда од Јужна Кореја посебно ми значи, изјави карикатуристот Докуле по добивањето на веста од Сеул. мт/хс/

Back to top button
Close
Close