Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.Портал

Битолски проект за 3Д виртуелна прошетка низ културно историското наследство

Општина Битола објави покана за учество во проект „Кинокултура“ и изработка на 3Д виртуелна презентација и интерактивна веб апликација за истражување на културно историските споменици во Битола.

Битола, 22 мај 2020 (МИА)Општина Битола објави покана за учество во проект „Кинокултура“ и изработка на 3Д виртуелна презентација и интерактивна веб апликација за истражување на културно историските споменици во Битола.

За реализација на проектот Општина Битола доби 197.530 евра, кои ќе бидат искористени и за набавка на кино опрема, која ќе биде инсталирана за кино проекции во новото кино Манаки што се наоѓа на Широк Сокак во овој град.

Во рамки на проектот ќе бидат изработени промотивни материјали, краток документарен филм и студија за валоризација на културно историското наследство во Битола. Реализацијата на овие активности, предвидени во буџетот на проектот, ќе овозможат креирање на приказна, преку која ќе се промовира значајното културно историско наследство кое има голема вредност за овој град. Проектот „Кинокултура“, ќе ја обезбеди и потребната опрема и промотивниот материјал за туристичкиот информативен центар, кој е дел од програмата за туризам на Општина Битола, информираат од локалната самоуправа.

Проектот Кинокултура се реализира со финансиска поддршка од ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија, период 2014-2020 година.мт/са/

Back to top button
Close
Close