Дописници МКДОпштински вести

Битолската НВО СФЕРА во интернационален проект за градење на мултикултурни компетенции

Битолската невладина организација СФЕРА ќе учествува во интернационален проект чија цел е градење на меѓукултурни компетенции, а со цел да се подигне свеста кај младите за важноста на меѓукултурната комуникација и меѓусебното разбирање.

Битола, 14 февруари 2020 (МИА)Битолската невладина организација СФЕРА ќе учествува во интернационален проект чија цел е градење на меѓукултурни компетенции, а со цел да се подигне свеста кај младите за важноста на меѓукултурната комуникација и меѓусебното разбирање.

Од НВО СФЕРА-Битола информираат дека станува збор за европски проект финансиран во рамките на програмата Еразмус +, и ќе се реализира во период од две години.

Партнерите во проектот се од цела Европа, имаат различно искуство и искуство за споделување и освен битолчани вклучени се и претставници од Универзитет за Менаџмент со Варна-Бугарија,  Меѓународна фондација Крос култура-Малта, Интер Алија-Грција, Демостене Центро Студи Пер Ла Промозионе Дело Свилуппо Умано-Италија и Асоцијација Чек ин од Португалија.  Секоја организација во рамките на конзорциумот ќе работи со млади луѓе со различно културно потекло, како и со други младински организации на меѓународно ниво.

Проектот ќе резултира со создавање на два интерактивни мрежни водичи, организирање на 6 локални дебати, 2 пилот сесии и една мобилност за млади, а првата пилотска сесија ќе се одржи на 3 април во Атина. мт/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close