Дописници МКДОпштество

Битолчанки со чоколадни бомбони фрлаа од балкони врз мажоретки од Херцег Нови

Битолчанки од балкони на Широк Сокак аплаудираа и со чоколадни бомбони фрлаа врз мажоретки од Херцег Нови кои приредија спекаткуларно дефиле во Битола.

Битола, 28 јули 2021 (МИА)Битолчанки од балкони на Широк Сокак аплаудираа и со чоколадни бомбони фрлаа врз мажоретки од Херцег Нови кои приредија спекаткуларно дефиле во Битола.

Гостите од Црна Гора, членови на ансамблот за градска музика и мажорет, кои учествуваат на годинешниот фестивал за народни игри и песни „Илинденски денови“ не го криеја своето задоволство од домаќинскиот пречек и контакт со публиката.

– Добивме чоколадни бомбони во знак на добредоје. Дефилето беше импресивно иако температурата на воздухот беше висока. Гледавме како битолчанки од балкони фрлаат бомбони и со задоволство ги вкусивме, а битолчани пак како вистински џентлмени честеа кафе и вода за да се освежиме. Овој гест за нас беше дополнение за оформување на прекрасното чувство кое го имавме на Широк сокак, изјави за МИА, Валентина Кулиновиќ, претседателка на ансамблот од Херцег Нови.

Ансамблот на градска музика и мажорет од Херцег Нови често пати гостува во збратимениот град Битола, но, прв пат на Фестивалот „Илинденски денови“, а по настапот во овој град, младите уметници од Црна Гора отпатуваа за Измир, Турција. мт/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close