Граѓански секторДописници МКД

Битола домаќин на меѓународен волонтерски камп

Во Битола се одржува меѓународен волонтерски камп на кој учествуваат 15 волонтери од пет држави на Западен Балкан.

Битола, 10 септември 2021 (МИА) – Во Битола се одржува меѓународен волонтерски камп на кој учествуваат 15 волонтери од пет држави на Западен Балкан.

На кампот се промовира соработка, помирување и надминување на етничката дистанца помеѓу младите од Балканот. Младите се со различна образовна, економска, социјална и културна позадина и истражуваат значајни културни споменици во Битола.

Меѓународниот волонтерски Камп е со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка РИКО, а финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.мт/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close