0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитика

Четвртиот сет мерки ќе биде дефиниран до крајот на следната недела

Четвртиот сет на мерки ќе биде дефиниран до крајот на следната недела и ќе им биде понуден на сите чинители да видат за колкав финасиски пакет станува збор, а висината на помошта што ќе се понуди за граѓаните и стопанството е тесно поврзана со вториот ребаланс на Буџетот што се планира, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Четвртиот сет мерки ќе биде дефиниран до крајот на следната недела и ќе им биде понуден на сите чинители да видат за колкав финасиски пакет станува збор, а висината на помошта што ќе се понуди за граѓаните и стопанството е тесно поврзана со вториот ребаланс на Буџетот што се планира, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Со економскиот пакет, посочи, ќе бидат опфатени повеќе категории луѓе и ќе се помогнат секторите кои се директно поврзани со образовните процеси и згрижувањетона децата во предучилишна возраст во кои претходно можеби не е дадена помош.

-За сите пакети на мерки за заштита од коронавирусот беа предвидени 550 милиони евра, а досега до граѓаните и стопанството се слеани околу 240 милиони евра. Од задолжувањата за коронавирусот досега се потрошени околу 70 отсто од средствата за да се подобри ликвидноста на Буџетот и остануваат триесетина отсто кои се уште ги имаме на располагање што ќе биде почетната основа за планирање на пакетот на економски мерки. Во овој момент правиме и калкулации колку се потребите до крај на годината на расходната страна на сите институции и во зависност од нивните проценки  ќе можеме на крај на идната недела да донесеме заклучоци на Економскиот совет во Владата колкав ќе биде целиот пакет, но секако ќе биде значително голем економски пакет. Ќе зависи од ребалансот и во зависност какви се проценките, постапките околу ребаланс ќе започнат веднаш за навреме да го преминат филтерот во законодавниот дом, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека до крајот на следната недела да има многу јасна слика и за четвриот пакет на мерки и за ребалансот и посочи дека секојдневно има консултации со сите чинители за овој сет на мерки, кој е приоритет на Владата од нејзиното формирање, за на најефикасен начин да се искористи секој денар.

Најави дека од следната недела ќе почне реализацијата на бескаматната кредитна линија преку Развојната банка  во вредност од 31 милион евра, финасирана од Европската Унија, која е дел од третиот сет на мерки.

Воедно посочи дека ќе има и ревидирање на Среднорочната стратегија за задолжување заради задолжувањето што се случи за спречување на последиците од кронавирусот, но задолжувањата, како што рече, ќе се користат за овозможување подобар живот за граѓаните, а не како што беше досегашната пракса во изминатите тиесетина години – за непродуктивни поекти и индивидуално богатење.вј/лв/

Back to top button
Close
Close