0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Биното: Поважно е да си Ферари отколку да победуваш, победите се само последица

Извршниот директор на Ферари, Матија Биното, зборуваше за тоа како големината на Скудерија влијае врз секојдневната работа.

Маранело, 15 септември 2021 (МИА) – Извршниот директор на Ферари, Матија Биното, зборуваше за тоа како големината на Скудерија влијае врз секојдневната работа.

– Ферари е нешто уникатно. Најважно за нас да разбереме е дека ова е уникатно семејство, уникатен феномен. Секогаш им велам на моите момци дека поважно е да бидете Ферари отколку да победувате, бидејќи победите се само последица. Способни сме да бидеме Ферари и да работиме добро, тогаш ќе дојдат победи.

Го наведувам примерот на Жил Вилнев, фантастичен возач кој всушност освои многу малку. Но, неговото однесување, стилот на возење, страста, оставија влијание, рече Биното.

Шефот на италијанскиот Формула 1 тим со нетрпение очекува нови успеси во блиска иднина.

– Гледам паралели со минатото. До 1995 година, Ферари не победи долго време, а Жан Тод ги градеше темелите за иднината со цел да започне нов циклус победи, ангажирајќи млади инженери. Дваесет и пет години подоцна ние сме во слична ситуација, потенцира првиот човек на Ферари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close