0_Спорт.ПорталОстанато

Биното е уверен дека отпуштањата во Ферари нема да го направат болидот побрз

Директорот на Ферари, Матиа Биното не смета дека отпуштањата ќе му помогнат на тимот. Тимот е рангиран на петтото место во поредокот на конструктори по три трки оваа сезона.

Маранело, 22 јули 2020 (МИА) – Директорот на Ферари, Матиа Биното не смета дека отпуштањата ќе му помогнат на тимот. Тимот е рангиран на петтото место во поредокот на конструктори по три трки оваа сезона.

– Верувам во нашиот тим. Почнавме долг процес, чија цел е уште еден циклус на победи. Потребно е време, целата компанија ја разбира и поддржува оваа визија. Ова е причината зошто некои приказни во печатот ме изненадуваат. Отпуштањата нема да го направат болидот побрз, изјави Биното за клупската веб-страница на Ферари.

Претходно во медиумите се појавија шпекулации дека Биното е близу да ја напушти функцијата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close