0_Спорт.ПорталОстанато

Биното: Болидите на Фетел и Леклерк се апсолутно идентични, очекуваме повеќе од Себастијан

Шефот на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното уверува дека болидите на Шарл Леклер и Себастијан Фетел се апсолутно идентични.

Портимао, 25 октомври 2020 (МИА) – Шефот на Формула 1 тимот Ферари,  Матија Биното уверува дека болидите на Шарл Леклер и Себастијан Фетел се апсолутно идентични.

  • Машините се апсолутно идентични. Не може да има сомнеж во тоа. Се надевам дека тој (Фетел) во Имола ќе може да се претстави подобро во квалификациите и да дојде до повисоки позиции со цел подобро да го реализира несомнениот потенцијал на болидот.

Се разбира, Шарл е многу добар, но исто така и од Себастијан очекуваме повеќе, рече Биното. На денешната трка за Големата награда на Португалија, Леклер го зазеде 4. место, а Фетел беше 10-ти. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close