ХроникаХроника.Портал

Билтен МВР

На 17.06.2021 на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 60 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) На 17.06.2021 на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 60 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.06.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 58 прекршоци.

На 16.06.2021 во 17.00 часот на локалниот пат Прилеп – с.Ореовец, патничко возило „санг јонг кајрон“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(32) од Прилеп, изгубило контрола и излетало од патот.

По незгодата М.Д. бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициски станица Прилеп.

Во текот на 17.06.2021 МВР спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 554 возачи.

Од нив, 101 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 106, а потоа на територија на СВР Скопје – 83, на територија на СВР Охрид – 67.

На 17.06.2021 на автопатот Скопје-Велес била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 67 возачи.

Дваесет и осум возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената.

На 17.06.2021 во 19.08 часот во СВР Струмица било пријавено дека на автопатот А-1, кај бензинска пумпа во с.Мрзенци, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „сузуки GSX 1300 R“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.А.(42) од Скопје и патничко возило „хјундаи галопер“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(42) од с.Прдејци.

Во незгодата, со тешка телесна повреда се здобил мотоциклистот Ѓ.А., констатирана во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.

На 17.06.2021 во 12.35 часот во СВР Скопје, С.П.(60) од с.Кучевиште, скопско, пријавила дека на ул.„Јани Лукровски“ била касната од куче скитник. 

На 17.06.2021 во 14.20 часот во СВР Скопје, А.А.(30) од Скопје пријавил дека на бул.Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

На 17.06.2021 во 10.40 часот во СВР Скопје, Л.Т.(69) од Скопје пријавила дека во близина на училиште во нас. Пинтија била касната од куче скитник. оџ/сст/

Back to top button
Close
Close