ХроникаХроника.Портал

Билтен МВР (ДПЛ)

Вчеравечер во парк-шума Гази Баба, во 22.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода А.Б.(22) од Скопје, бидејќи при преглед кај него се пронајдени ма-рихуана и нож.

Скопје, 29 декемеври 2020 (МИА) – Вчеравечер во парк-шума Гази Баба, во 22.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода А.Б.(22) од Скопје, бидејќи при преглед кај него се пронајдени ма-рихуана и нож. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодве-тен поднесок.

На 28.12.2020 во 20.55 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 19.45 часот, при контрола во кругот на установата биле пронајдени: мобилен телефон, марихуана и прашкаста материја. Увид на местото извршиле полициски службеници од СВР Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.12.2020 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во хотел на подрачјето на Центар во Скопје настанал пожар на рецепцијата и истиот набрзо бил изгаснат. Извршен е увид.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“, Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против А.К.(39) од с.Велешта, струшко. Тој, во повеќе наврати во текот на годинава му барал пари на Ф.С.(39) од Струга.

СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Карпош поднесе кривична пријава против 17-годишник, Џ.И. (19) од Скопје и уште едно лице, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 09.06.2020 околу 23.30 часот, на ул.„Лондонска“, пријавените физички го нападнале оштетениот М.Ј. (32) од Скопје и му одзеле пари.

СВР Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Д.А.(47) од с.Порој, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’. На 17.11.2020 од СВР Тетово било констатирано дека пред бензинска пумпа во село Порој, Д.А. извршил узурпација на земјиште сопственост на Република Северна Македонија, со поставување на жичана ограда и бетонски столбови.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(21) од с.Групчин, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 18.11.2020, при контрола во врска со почитување на одлуките, мерките и протоколите на Владата на Република Северна Македонија, со цел спречување на ширење на коронавирусот, со кои работното време се ограничува до 21.00 часот, од страна на полициски службеници од Полициско одделение Групчин било констатирано дека угостителски објект во с.Групчин, сопственост на А.Ш., работел и по пропишаното време. Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил пломбиран, а пријавениот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.А.(39) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 02.12.2020, при контрола во врска со почитување на одлуките, мерките и протоколите на Владата на Република Северна Македонија со цел спречување на ширење на коронавирусот, со кои работното време се ограничува до 21.00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Тетово било констатирано дека угостителски објект во с.Maла Речица, сопственост на З.А., работел и по пропишаното време. Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил пломбиран, а пријавениот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А. (31) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 11.12.2020, при контрола во врска со почитување на одлуките, мерките и протоколите на Владата на Република Северна Македонија, со цел спречување на ширење на коронавирусот, со кои работното време се ограничува до 21.00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Тетово било констатирано дека угостителски објект во с.Жеровјане, сопственост на Х.А., работел и по пропишаното време. Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил пломбиран и изречена е „забрана за вршење на дејноста“, а пријавениот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници.

На 28.12.2020 во 09.10 часот во Одделение за внатрешни работи Прилеп, Д.З. пријавил дека во времето од 01.00 до 09.00 часот едно лице насилно влегло во спортска обложувалница во Прилеп и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Одделението за внатрешни работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против С.К.(54), управител на угостителски објект во Демир Хисар од с.Слепче, демирхисарско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 05.12.2020, при контрола спроведена од полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Демир Хисар, во угостителски објект во Демир Хисар, било констатирано дека С.К. продолжил со работа во објектот и по 21.00 часот, при што во објектот биле присутни гости, со што постапил спротивно на Одлуката за превентивни мерки, наменски протоколи, планови за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест ковид – 19, од Владата на Република Северна Македонија.

Одделението за внатрешни работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против Л.З.(48), управител на продавница и З.З.(53), и двајцата од с.Вардино, демирхисарско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 15.12.2020, при контрола спроведена од полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Демир Хисар во продавница во с.Вардино, било констатирано дека Л.З. дозволила да се служат гости во продавницата во која имало маси, на кои З.З. ги служел гостите со пијалаци и храна, со што постапиле спротивно на Одлуката за превентивни мерки, наменски протоколи, планови за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест ковид – 19, од Владата на Република Северна Македонија.

На 29.12.2020 околу 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека едно лице насилно влегло во спортска обожувалница на подрачје на Бит Пазар и одзело пари. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.12.2020 околу 08.20 часот во близина на с.Белановце, кумановско, се случила сооб-раќајна незгода помеѓу комбе „рено“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, во кое се превезувале девет полициски службеници и патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(48) од Куманово. По незгодата, на поли-циските службеници им била укажана помош во Општата болница Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Кумано-во, Јавен обвинител и Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професио-нални стандарди. оџ

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close