0_Web_АктуелноSvet.SlajderБалканБалкан.Портал

Билт: Тачи ќе биде уапсен доколку обвинението биде потврдено

Ако обвинението, што е објавено, биде потврдено, тогаш тој ќе се соочи со апсење. И тој ќе мора да замине во Хаг и да се соочи со долго и комплицирано судење, каде заштитата на сведоците ќе биде доста голем проблем. Ќе минат неколку години. И без сомнение, ова ќе ја наруши политиката на Косово, рече Билт.

Приштина, 26 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот шведски премиер, Карл Билт, изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен доколку се потврди обвинението против него.

Во изјавата за „ГЗЕРО Медиа“, тој оцени дека доколку има судење, заштитата на сведоците ќе биде „поголем проблем“, пренесе синоќа Косово онлајн.

-Ако обвинението, што е објавено, биде потврдено, тогаш тој ќе се соочи со апсење. И тој ќе мора да замине во Хаг и да се соочи со долго и комплицирано судење, каде заштитата на сведоците ќе биде доста голем проблем. Ќе минат неколку години. И без сомнение, ова ќе ја наруши политиката на Косово, рече Билт.

Портпаролот на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, Кристофер Бенет, изјави дека ова Обвинителството на Специјализираните совети на Косово им поднело на разгледување и испитувања обвинение од десет точки со кои го обвинува Хашим Тачи, претседателот на Демократската партија на Косово Кадри Весеjи и други за голем број злосторства против човештвото, хуманоста и воените злосторства,вклучувајќи и присилно исчезнување на лица, прогон и тортура.сд/

Back to top button
Close
Close