0_Магазин.ПорталСцена

Били Ајлиш ја објави новата „Џејмс Бонд“ насловна песна (видео)

Четириминутната балада којашто говори за предавство и очај, е објавена точно на полноќ. Автори се Ајлиш и нејзиниот постар брат Финеас О’Конел.

Лос Анџелес, 14 февруари 2020 (МИА) – Американската тинејџерска поп-ѕвезда Били Ајлиш ја објави насловната песна за најновиот „Џејмс Бонд“ филм, со истиот наслов – „No Time to Die“ (Не е време за умирање).

Четириминутната балада којашто говори за предавство и очај, е објавена точно на полноќ. Автори се Ајлиш и нејзиниот постар брат Финеас О’Конел.

Ајлиш е најмладата музичарка во историјата што напишала песна за некој филм за „Џејмс Бонд“ серијалот. Пред неа, за насловните песни беа најмувани Адел, Мадона, Пол Мекартни, Тина Тарнер и други познати пејачи.

Песната „No Time to Die“ е објавена на Јутјуб и други платформи за музика. си/

Таг
Back to top button
Close
Close