0_Web_АктуелноSvet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Билд: Најмалку 30 лица повредени во инцидентот во Фолкмарсен (ДПЛ)

Најмалку 30 лица денеска се повредени кога автомобил влетал во карневалска поворка во градот Фолкмарсен , во зпасдниот дел на Германија, соопшти „Билд“.

Берлин, 24 февруари 2020 (МИА) – Најмалку 30 лица денеска се повредени кога автомобил влетал во карневалска поворка во градот Фолкмарсен , во зпасдниот дел на Германија, соопшти „Билд“.

Според наводите на весникот, околу третина од лицата се тешко повредени, а британските медиуми наведуваат дека полицијата засега не ја потврдила оваа бројка.

Полицијата претходно јави дека во нападот има најмалку 15 повредени учесници на карневалот.

Германските медиуми соопштија дека меѓу повредените има и деца, а цитираа и сведоци кои наведуваат дека возачот намерно влетал во толпата луѓе, забрзувајќи пред да удри во нив. сд/

 

Back to top button
Close
Close