0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Билатерални средби на Пендаровски за време на неговата посета на Полска

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Полска, оствари средби со Маршалот на Сејмот (долниот дом на полскиот Парламент), Елжбијета Витек и со Маршалот на Сенатот (горниот дом на полскиот Парламент), Томаж Гроцки.

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Полска, оствари средби со Маршалот на Сејмот (долниот дом на полскиот Парламент), Елжбијета Витек и со Маршалот на Сенатот (горниот дом на полскиот Парламент), Томаж Гроцки.

На средбите, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји.

Оценувајќи дека Полска е ценет партнер на Северна Македонија во нејзините напори за членство во Европската унија и во НАТО, Пендаровски повикал на натамошна засилена соработка на парламентарно ниво меѓу двете држави, со цел размена на искуства и унапредување на севкупната билатерална соработка.

Пендаровски се заблагодарил што Полска била меѓу првите земји-членки што го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО и посочил на важноста за одржување и унапредување на динамиката во политичкиот дијалог меѓу двете држави. бак/лв/

Back to top button
Close
Close