0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Билатерални средби на Пендаровски со премиерите на Косово и на Ерменија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Минхен, на маргините на 56. Минхенска безбедносна конференција, оствари билатерални средби со премиерот на Република Косово, Албин Курти и со премиерот на Република Ерменија, Никол Пашиниан.

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Минхен, на маргините на 56. Минхенска безбедносна конференција, оствари билатерални средби со премиерот на Република Косово, Албин Курти и со премиерот на Република Ерменија, Никол Пашиниан.

На средбата со Курти, како што информира неговиот кабинет, претседателот Пендаровски упати честитки за успешно реализираните парламентарни избори и за изборот на новата Влада во Косово, што ја предводи тој. Притоа истакнал дека нашата земја очекува со новата Влада на Република Косово да се зацврсти билатералната соработка во сите области од заеднички интерес подвлекувајќи дека на тој начин ќе се продлабочат добрососедските односи кои придонесуваат за напредокот, стабилноста и безбедноста на регионот.

Претседателот Пендаровски нагласи дека Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Северна Македонија при што трговската размена се одвива слободно без царини и придонесува за развој на економиите на двете соседни држави. За продолжување на овој позитивен тренд, претседателот Пендаровски изрази интерес за одржување на четврта седница на Мешовитиот комитет за економска соработка во периодот што следи. На средбата се разговараше и за идни заеднички иницијативи како дел од регионалната соработка.

На средбата со премиерот на Република Ерменија, Никол Пашиниан беше изразено задоволство од неодамна воспоставените дипломатски односи  што претставува ново поглавје во билатералните односи и отвора нови можности за понатамошно интензивирање на политичкиот дијалог.

Претседателот Пендаровски ја истакна потребата од воспоставување на договорна рамка со која двете земји ќе може да ја унапредат и продлабочат билатералната соработка во областа на економијата, трговијата, културата, образованието, здравството и други значајни области од заемен интерес.

Ерменската заедница во Северна Македонија што е организирана преку Друштвото за македонско-ерменско пријателство, оцени претседателот Пендаровски, придонесува за збогатување на мултикултурното општество и претставува елемeнт на поврзување меѓу двете држави. сст/дма/

Back to top button
Close
Close