0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

Билатерални канцеларии за зближување на младите луѓе од земјава и од Грција (ДПЛ)

Младите луѓе од Северна Македонија и Грција споделуваат заеднички проблеми како што е високиот процент младинска невработеност. Отворањето на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу младите од двете држави, ќе помогне преку користење на моделот на Франција и Германија, тие да работат на зближување и надминување на стереотипите и предрасудите кои што постојат во двете општетства.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) –  Младите луѓе од Северна Македонија и Грција споделуваат заеднички проблеми како што е високиот процент младинска невработеност. Отворањето на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу младите од двете држави, ќе помогне преку користење на моделот на Франција и Германија, тие да работат на зближување и надминување на стереотипите и предрасудите кои што постојат во двете општетства.

Ова беше истакнато на иницијалнииот состанок за формирање билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу двете соседни земји, проект што го спроведуваат Младински сојуз Крушево и УНЕСКО Младински клуб од Солун.

Методија Стојчески од Младински сојуз Крушево кој е координатор на проектот за воспоставување на канцеларии за младинска соработка помеѓу нашата земја и Грција, истакна дека целата идеја започнала уште во 2009 година во атмосфера на брзо растечки национализам и нетрпеливост од двете страни на границата, кога започнале соработка со партнерите од Грција како граѓански активисти за да се намали таа тензија. Охрабрени од резултатите на таа соработка, се зафатиле и со отворањето на билатералните канцеларии за младинска соработка.

– За овие канцеларии сега ја отпочнавме првата фаза од процесот за формирање на канцелариите. Процесот е замислен да се имплементира во четири фази, а би завршил на почетокот од наредната година кога и официјално би се означил почетокот со работа на канцелариите на младинска соработка. Ќе го користиме моделот помеѓу Франција и Германија, како тие работеле на надминување на стереотипите и предрасудите кои што постоеле. За среќа од нив, ние не сме имале никогаш воен конфликт меѓу нас, туку само политичка тензија, вели Стојчески изразувајќи надеж дека тие ќе се надминат.

Според него, младите луѓе сакаат да работат на заеднички проблеми со кои се среќаваат во секојдневниот живот, бидејќи тогаш тие се поврзуваат.

-Пример процентот на младинска невработеност во северна Грција е највисок во целата ЕУ. Исто така процентот на младинска невработеност во пограничниот регион кај нас е многу висок. Така што кога разговараат за бизнисите и за можностите како да ја искористат прекуграничната соработка да креираат нови работни места и да работат на младинската невработеност, тоа е многу добро поле за соработка. Или младинското учество каде што многу тешко до институциите допираат младите од двете страни на границата. Кога зборуваат за заеднички акции или преземање модели на активизам, тогаш наидуваат на широко поле и интерес за соработка, вели Стојчески.

Бабис Папајоану од партнесккиот УНЕСКО Младински клуб од Солун, кој е координатор на проектот од грчка страна, потрди дека дека идејата зад оваа соработка е стара и доаѓа по екстензивна дебата меѓу младите од двете земји и спроведени заеднички активности.

-За жал живееме во делот од Европа каде младите луѓе се соочуваат со многу проблеми и тоа е она што не обединува. Проблемите се социјални, економски, но најважно да се разбере за двете земји, особено за младите од Северна Македонија е дека тие се дел од Европа и дека треба да се однесуваат и да делуваат како европски граѓани. Затоа со оваа иницијатива носиме и европски инструменти и очекуваме позитивни реакции од младите луѓе и од граѓанското општество. Градењето  на овие мостови, на оваа соработка е поддршка не само меѓу младите туку и за нашите владите, вели Папајоану.

Отворањето на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Република Грција како производ и дел од Акцискиот план за спроведување на Преспанскиот договор, денеска го поздравија и претседателот Стево Пендаровски, амбасадорите на Грција, Сад и на Германија, и пратеници во парламентите на двете земји.

Следниот состанок ќе се одржи летово, во Грција со учество на млади од двете земји. вг/мд/

Back to top button
Close
Close