0_Спорт.ПорталКошарка

Бил со најдобар резултат во последните 50 години во НБА лигата

Кошаркарот на Вашингтон, Бредли Бил, ноќеска на натпреварот со Мајами постигна 32 поена и беше најзаслужниот за триумфот на неговиот тим со 103:100.

Мајами, 4 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Вашингтон, Бредли Бил, ноќеска на натпреварот со Мајами постигна 32 поена и беше најзаслужниот за триумфот на неговиот тим со 103:100.

Бил има постигнато најмалку 25 поени на сите 17 натпревари од почетокот на сезоната 2020/21. Тој го надмина достигнувањето на легендарниот Мајкл Џордан кој беше во таква серија 16 натпревари во сезоната 1988/89.

Низата на Бил е најдобрата во НБА во последните 50 години и петта во историјата на лигата.

Рекордот му припаѓа на Вилт Чембрлен – во сезоната 1961/62, тој одигра 80 натпревари од почетокот на шампионатот со 25 или повеќе поени.

За разлика од Бил, Вашингтон визардс нема така успешен почеток на сезоната. Со биланс од пет победи и 13 порази се наоѓа на претпоследното, 14. место во Источната конференција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close