Општински вестиСкопје

„Биди одговорен, однесувај се совесно“ – нова кампања на скопски водовод за заштита на канализацискиот систем

Одржувањето на системот за одведување на урбани отпадни води и третманот на отпадните води е од исклучително значење за заедницата, за санитарната и здравствена заштита, како и за заштита на животната средина од загадување, потенцират од ЈП „Водовод и Канализација" - Скопје.

Скопје, 1 август 2020 (МИА) – Одржувањето на системот за одведување на урбани отпадни води и третманот на отпадните води е од исклучително значење за заедницата, за санитарната и здравствена заштита, како и за заштита на животната средина од загадување, потенцират од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје.

Од градски водовод на Скопје, исто така информираат дека нивните екипи се често сведоци на затната канализациска мрежа, а како причина за тоа е неправилно одложен отпад од домаќинствата, градежен шут, кабаст отпад и други предмети.

– Канализацискиот систем не е депонија. При неодговорно и несовесно одлагање на отпад во системот за одведување на урбани отпадни води, се нарушува неговата функционалност и најчесто доаѓа до излевање на отпадните води, кои доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина, велат од градски водовод.

Од овие причини ова градско претпријатије ја почна кампањата „Биди одговорен, однесувај се совесно“, заштити го канализацискиот систем, здравјето и животната средина.

– Правилно одложувај го отпадот – селектирај го за да се рециклира и реупотреби. Доколку си далеку од контејнерите за селектиран стаклен отпад, повикај го тимот на Пакомак на 072 26 66 26. Сортирај го кабастиот отпад и за негово отстранување повикај ги општинските служби или екипите на ЈП Комунална хигиена на 0800 222 33, велат од ЈП „Водовод и Канализација”- Скопје.

Во случај граѓаните бидат сведоци на див водоводен приклучок и злоупотреба на канализацискиот систем, од таму апелират истите овие не регуларности да ги пријават на телефон 02 3073 010 во Дежурно Информативениот Центар, во Дирекција на телефон 02 3240 300, Дирекција, или пак на електронските адреси- kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk и социјалната мрежа www.facebook.com/jpvodovod.skopje. оџ/нд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close