0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид подари книги за Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на своите програмски активности за ширење на читателската публика и култура подари книги на Здружението на лица со телесен инвалидитет од општините Охрид и Дебрца „Мобилност – Охрид 1988“.

Охрид, 17 август 2020 (МИА) – Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на своите програмски активности за ширење на читателската публика и култура подари книги на Здружението на лица со телесен инвалидитет од општините Охрид и Дебрца „Мобилност – Охрид 1988“.

Меѓу подарените книги од сопствено издание на библиотеката има и дела кои претходно поголем број автори меѓу кои и Вера Самарјанин и Миле Миќуновиќ ги подарија на Библиотеката, за во нивно име установата да ги подарува таму каде што ќе се добредојдени и посакувани.

Според зборовите на претседателот на „Мобилност“ Венко Голабоски, нивните членови од почетокот на септември книгите ќе можат да ги читаат и разменуваат бесплатно. аб/ац/

Back to top button
Close
Close