0_Спорт.ПорталSport.SlajderСпортФудбал

Би-Би-Си: Алиоски во идеалниот тим од групната фаза на ЕУРО2020

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски се најде во идеалниот тим, кој читателите на британскиот сервис Би-Би-Си го избраа по натпреварите од групната фаза на Европското првенство.

Лондон, 24 јуни 2021 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски се најде во идеалниот тим, кој читателите на британскиот сервис Би-Би-Си го избраа по натпреварите од групната фаза на Европското првенство.

Левиот бек на македонската репрезентација доби втора највисока оценка (8,19) зад играчот за врска на Белгија, Кевин Де Брујне (8,36).

Во идеалниот состав во избор на читателите на Би-Би-Си се најдоа и Каспер Шмајхел од Данска, Леонардо Спинацола од Италија, Симон Кјаер од Данска, Матеуш Клих од Полска, Џеорџино Вајналдум од Холандија, Мануел Локатели од Италија, Чиро Имобиле од Италија, Ромелу Лукаку од Белгија и Александер Исак од Шведска.

Алиоски беше стрелец на еден од двата гола, кои македонската репрезентација ги постигна на својот дебитантски настап на ЕУРО2020. ег/ки/

Back to top button
Close
Close