Дописници МКДОпштински вести

Безбедносни огради се поставуваат пред шест штипски училишта

Почна поставувањето на заштитните огради на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, со што се зголемува безбедноста на пешаците и на останатите учесници во сообраќајот.

Штип, 24 јануари 2020 (МИА) – Почна поставувањето на заштитните огради на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, со што се зголемува безбедноста на пешаците и на останатите учесници во сообраќајот.

Градоначалнкот ан Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека поставувањето на оградата меѓу двете коловозни ленти од Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ до зградата на Агенцијата за вработување веќе е во финална фаза. Ова е една од безбедносните мерки на овој булевар, кој е влез и излез на градот. Лани се изгради кружниот тек и се поставија вибрациони ленти на коловозот, со што се намали брзината на возилата.

– Паралелно со оваа јавна набавка, распишавме и набавка за сите останати пет основни училишта во градот: „Ванчо Прќе“, „Тошо Арсов“, „Димитар Влахов“, „Гоце Делчев“ и „Славејко Арсов“, каде пред сите ќе ставиме унифицирани огради за заштита на дечињата, кои учат во овие основни училишта и ова којашто беше најкритична кај училиштето „Коле Нехтенин“, вели Бочварски.

Општината во поставувањето на заштитните огради пред шестте училишта инвестира 900.000 денари, а се во должина од околу 530 метри. Бочварски истакна дека тоа што го ветил на родителите за поголема безбедност на децата веќе и го реализира.

Прашан до каде е изградбата на новиот мост на реката Брегалница, Бочварски со одговор дека веќе е во финална фаза, односно изграден е околу 95 отсто, а сега останува поставувањето на асфалтот, тротоарите и уличното осветлување. Очекува веќе во март да заврши неговата комплетна изградба. Што се однесува за продолжување на булеварот од населбата „8 Ноември“ до „Баби“, општината треба да направи проект, но и заедно со ЈП за станбен и деловен простор треба  да го реши проблемот на станарите во куќите, кои живеат под кирија. Доколку нема проблеми очекува доизградбата на овој булевар да се реализира наредната година. вдј/рп/

Back to top button
Close
Close