Дописници МКДОпштински вести

Безбедносната состојба во Кичево во изминатото деноноќие стабилна

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР - Охрид, каде што спаѓа и Кичево е стабилна. Изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 31.03.2020 година до 07.00 часот на 01.04.2020 година, нема регистрирани лица што не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус Ковид-19, информираат од СВР – Охрид.

Кичево, 1 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР – Охрид, каде што спаѓа и Кичево е стабилна. Изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 31.03.2020 година до 07.00 часот на 01.04.2020 година, нема регистрирани лица што не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус Ковид-19, информираат од СВР – Охрид.

– Нема собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација , вели портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Тој уште додава дека во овој период се извршени  90 контроли на евидентираните лица со решение за изолација од кои пет во Кичево. Спроведени се 326 контроли врз лицата во самоизолација, во Кичево вкупно има десет лица. Полициските службеници извршија 40 контроли на угостителски објекти. рз/оџ/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close