Дописници МКДОпштински вести

Безбедна е водата на Дојранско Езеро за капење и рекреација

Општина Дојран денеска ги објави резултатите од најновото испитување на водата на Дојранското Езеро што пред почетокот на туристичката сезона се прави од страна на Центарот за јавно здравје од Велес.

Гевгелија, 2 јуни 2021 (МИА) – Општина Дојран денеска ги објави резултатите од најновото испитување на водата на Дојранското Езеро што пред почетокот на туристичката сезона се прави од страна на Центарот за јавно здравје од Велес.

– Резултатите покажаа дека водата од Дојранското езеро е во одлична состојба и дека е безбедна за капење и рекреација на посетителите, со задоволство изјави градоначалникот Анго Ангов кој посочи оти примероци за анализа биле земени од три локации, поточно од Градската плажа и од плажите „Полин“ и „Гранико“.

Во извештаите на Центарот за јавно здравје од испитувањата на водата се истакнува непроменетата одлична состојба на водата со параметри кои немаат штетно влијание по здравјето на луѓето.

Од локалната самоуправа истакнаа дека уште неколку пати ќе се тестира квалитетот на водата во Дојранското Езеро,во текот на месеците јули и август. им/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close