Општински вестиСкопје

Без вода утре Сопиште и повеќе улици од Центар

Без вода утре од 8 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Људевиг Гај“, „Радњанска“ и сите кафеани на улица „Боемска“ во Центар, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Без вода утре ќе биде Општина Сопиште како и корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Људевиг Гај“, „Радњанска“ и сите кафеани на улица „Боемска“ во Центар, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето на улиците во Центар е поради уличен дефект на улица „Дебарца“ бр.58, ќе започне во 8 часот и ќе трае до санирање на дефектот.

Додека, пак, во општина Сопиште, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на улица 13 во Сопиште, ќе започне во 10 часот и ќе трае сѐ до санирање на дефект. ар/скс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close