Општински вестиСкопје

Без вода дел од индустриската зона во Општина Гази Баба

Без вода денеска ќе остане улица 808 на која се наоѓаат „Пивара“, „Европа“ и други фирми, како и Противпожарната единица, во Општина Гази Баба, а намален притисок ќе имаат дел од  жителите на наслеба Керамидница.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Без вода денеска ќе остане улица 808 на која се наоѓаат „Пивара“, „Европа“ и други фирми, како и Противпожарната единица, во Општина Гази Баба, а намален притисок ќе имаат дел од  жителите на наслеба Керамидница.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на шибер Ф 350.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот се до завршување на интервенцијата.

Претходно, ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека отстранувањето на дефектот и прекинот на водоснабдувањето ќе биде утре од 08:00 часот. ки/сп/

Back to top button
Close
Close