Дописници МКДОпштински вести

Без вода село Марена, населба Глишиќ и дел од Кавадарци до 14 часот

Без вода од 7.30 до 14 часот ќе останат село Марена, населба Глишиќ и дел од Кавадарци, поради работа на главна водоводна линија.

Кавадарци, 8 април 2021 (МИА) – Без вода од 7.30 до 14 часот ќе останат село Марена, населба Глишиќ и дел од Кавадарци, поради работа на главна водоводна линија.

Од Јавното претпријатие „Комуналец“, појаснија дека покрај селото Марена и населбата Глишиќ,  без вода за пиење ќе останат  улиците „Шишка“, „Блажо Алексов“, булевар „Видое Смилевски“ и останати споредни улици.

Оттаму ги замолија жителите од овој дел од општина Кавадарци, за разбирање и трпение. свд/нд/

Back to top button
Close
Close