Дописници МКДОпштински вести

Без вода неколку села во беровско поради дефект на регионалниот водовод

Жителите на неколку селски населби во Берово денеска ќе бидат без вода за пиење. Причината, како што информираа надлежните е дефект на регионалната водоводна мрежа.

Берово, 13 септември 2020 (МИА) – Жителите на неколку селски населби во Берово денеска ќе бидат без вода за пиење. Причината, како што информираа надлежните е дефект на регионалната водоводна мрежа.

-Ги информираме жителите од селските средини дека во текот на денешниот ден ќе бидат без вода за пиење. Се работи за дефект на регионалниот водовод, поради што е настанат прекинот во водоснабдувањето. Екипи на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга” од Берово се веќе на терен и работат на отстранување на настанатиот проблем, информираат од комуналното претпријатие.
Додаваат дека по отстранување на дефектот водата ќе биде хлорирана, по што ќе може повторно да се користи за употреба.
-Поради тоа потребно е во првите часови по повторното ставање во функција на водоводната мрежа, водата за пиење да не се користи, додаваат од комуналното претпријатие.
Нормализирањето на снабдувањето со вода во селските средини во Берово според надлежните се очекува во попладневните часови од денешниот ден. вс/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close