Дописници МКДОпштински вести

Без вода до утре до 11 часот корисниците околу старото училиште во Кавадарци

Поради дефект на стара приклучна линија на улицата „Шишка“ во Кавадарци, без вода за пиење до утре до 11 часот ќе останат околните куќи околу старото училиште.

Кавадарци, 9 септември 2020 (МИА) – Поради дефект на стара приклучна линија на улицата „Шишка“ во Кавадарци, без вода за пиење до утре до 11 часот ќе останат околните куќи околу старото училиште.

Ова попладнево го соопшти Јавното претпријатие „Комуналец“.

Претрпијатието апелира водокорисниците од тој дел на градот да имаат трпение и разбирање за настанатата ситуација. свд/мч/

Back to top button
Close
Close