Општински вестиСкопје

Без вода денеска улиците „Крсте Асенов“ и „Радишанска“

Без вода денеска ќе бидат улиците „Крсте Асенов“ 7/2 во Чаир и „Радишанска“ 11 во Радишани, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) – Без вода денеска ќе бидат улиците „Крсте Асенов“ 7/2 во Чаир и „Радишанска“ 11 во Радишани, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето на улицата „Крсте Асенов“ 7/2 е поради дефект на затворач ф-80мм на истата улица и ќе трае до санацијата на дефектот.

Прекинот на улицата „Радишанска“ 11, пак, е поради уличен дефект на посочената улица и ќе трае до санацијата на дефектот. ар/вг/

Back to top button
Close
Close