0_Македонија.ПорталСервисни информацииСкопје

Без вода денеска повеќе улици низ Скопје

Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Марко Цепенков“, „Иван Козарев“, „Томе Томшич“, дел од „Христо Татарчев“, „Христофер Жефаровиќ“, „Роман Каскалиевиќ“ и дел од „Алиа Авдовиќ“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Марко Цепенков“, „Иван Козарев“, „Томе Томшич“, дел од „Христо Татарчев“, „Христофер Жефаровиќ“, „Роман Каскалиевиќ“ и дел од „Алиа Авдовиќ“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснадувањето на улиците „Марко Цепенков“, „Иван Козарев“, „Томе Томшич“ и дел од „Христо Татарчев“ е поради изведување на водоводен приклучок Ф100мм.на ул. „Марко Цепенков“ 11 и ќе трае до завршување на дефектот.

Додека, пак, прекинот на водоснабдувањето на улиците „Христофер Жефаровиќ“, „Роман Каскалиевиќ“ и дел од „Алиа Авдовиќ“ е поради дефект на водоводната цевка Ф 1“.на ул. „Христофер Жефаровиќ“ 7/13 и, исто така, ќе трае до завршување на дефектот. ар/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close