Општински вестиСкопје

Без вода делови од Центар

Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Орце Николов“, на потегот од улицата „Аминта Трети“ до булеварот „Климент Охридски“ во Општина Центар.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Орце Николов“, на потегот од улицата „Аминта Трети“ до булеварот „Климент Охридски“ во Општина Центар.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“, причината за прекинот е дефектот на затварач од ф – 80 мм на улицата „Орце Николов“ број 88.

Корисниците ќе останат без вода се до санирање на дефектот.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираа дека прекин на водоснабдувањето ќе имаат и корисниците од улицата „Струма 3“ поради уличен дефект ф-100мм

Прекинот че започне во 08:30 часот, а ќе трае се до завршување на работните актовности.бт/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close