Општински вестиСкопје

Без вода дел од корисниците на булеварот „Борис Трајковски“

Без вода денеска ќе бидат дел корисниците на булеварот „Борис Трајковски“, односно корисниците од улица број 1 до број 13.

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) – Без вода денеска ќе бидат дел корисниците на булеварот „Борис Трајковски“, односно корисниците од улица број 1 до број 13.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект на ф300 мм на булеварот „Борис Трајковски“ крак 9/20.  Поради обем на дефектот обезбедена е цистерна со питка вода.

Корисниците ќе бидат без вода од 13:30 часот, па се до завршување на интервенцијата. ки/сп/

Back to top button
Close
Close