Општински вестиСкопје

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Сопиште, соопштуваат од РЦУК - Скопје.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Сопиште, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

– Во период од 12:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „Пролет“ и ул. „Мирче Ацев“, зад Олимписки Базен, како и ПС Кисела Вода, Општина Кисела Вода.

Во период од 08:45 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улиците „Руди Чајавец“ бр. 45 и 47, и улица „23 Октомври“, делот кај градинката и црквата „Св. Илија“ во населба Аеродром, Општина Аеродром.

Во период од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат дел од ул. „Франце Прешерн“ и ул. „Марк Твен“, Општина Карпош.

Во период од 08:30 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од село Добри Дол, Општина Сопиште.

Во период од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул.„Лазар Димитров“, Општина Кисела Вода.фф/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close